УТРО.мк

Грција ја продолжува забраната за пристап на една од најпознатите плажи

Грција ја продолжува забраната за пристап на една од најпознатите плажи
Vero

Една од најпознатите и најфотографирани плажи во Грција, Навагио на островот Закинтос, ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година.

Грчките власти ја продолжија забраната поради зголемениот ризик од одрони и лизгање на земјиштето од стрмните карпи што ја опкружуваат плажата. Поради безбедносни причини, на туристите не им е дозволено да се симнуваат на плажата, ниту да се капат, а бродовите мора да држат оддалеченост од најмалку 50 метри од брегот.

За прекршување на правилата се предвидени и парични казни.

Плажата Навагио е светски позната по бродоломот „Панагиотис“, кој се наоѓа на нејзиниот песок од 1980-тите години и претставува една од најголемите туристички атракции во Грција.

Во 2018 година, неколку посетители беа повредени при уривање на дел од карпите, по што властите воведоа построги мерки за заштита и контролиран пристап.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin