УТРО.мк

Грчките земјоделци повторно го затворија Евзони: Над 150 трактори го блокираат преминот

Грчките земјоделци повторно го затворија Евзони: Над 150 трактори го блокираат преминот
Vero

Граничниот премин Евзони од пладне е целосно блокиран од страна на грчките земјоделци, кои ги затвориле и влезот и излезот кон нашата земја, јавува дописничката на МИА од Атина. Засега не е познато колку долго ќе трае блокадата.

Според информациите на грчката агенција АНА-МПА, во делот кај Пеонија се собрале над 150 трактори и земјоделски машини, а бројката постојано расте. Земјоделците бараат итни мерки од властите и најавуваат дека протестите ќе продолжат.

Ова е втор ден по ред во кој Евзони е затворен. Вчера прво беше блокиран влезот за камиони, по што земјоделците преминаа на целосна блокада која траеше до полноќ.

Слични протести се одвиваат и на други локации во Грција – кај патарината на излез од Солун на автопатот кон Атина, како и во близина на Лариса и Кардица на истиот автопат.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран