УТРО.мк

Барање од Бања Лука: Парламентот на Република Српска со иницијатива до ОН за укинување на функцијата на висок претставник во БиХ

Барање од Бања Лука: Парламентот на Република Српска со иницијатива до ОН за укинување на функцијата на висок претставник во БиХ
Vero

Народното собрание на Република Српска усвои декларација со која се бара радикална промена на улогата на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, односно целосно укинување на функцијата на високиот претставник.

Иницирана од претседателот на Парламентот, Ненад Стевандиќ, документот предвидува и официјално обраќање до Советот за безбедност на Обединетите нации, со повик за донесување резолуција што би го прекинала мандатот на оваа институција и би довела до нејзино затворање.

Во образложението на декларацијата се наведува ставот дека Дејтонскиот мировен договор првично предвидувал ограничена, временска улога на меѓународниот надзор, но дека таа со текот на годините значително се проширила преку таканаречените „бонски овластувања“.

Дополнително, парламентот ја оспорува и легитимноста на актуелниот висок претставник Кристијан Шмит, тврдејќи дека неговото назначување не е потврдено од Советот за безбедност на ОН, што според нив е спротивно на воспоставената меѓународна процедура.

Со усвоениот документ, законодавниот дом во Бања Лука повикува на враќање на целосниот суверенитет на домашните институции, како што првично е замислено во Дејтонскиот мировен договор, со кој по конфликтот во 1990-тите Босна и Херцеговина беше конституирана како држава составена од два ентитета со сложена заедничка власт на државно ниво.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран